Македонија
Се врати насмевката на Расел, кучето што дојде пред вратите на „Лајка“ со рана на вратот
Изминаа 3 месеци од немилиот настан кога Расел се појави сам пред вратите на прифатилиштето на ЈП „Лајка“ во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица.
По неколку месеци стручен надзор и хуман третман во прифатилиштето на ЈП „Лајка“, Расел во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба, раната веќе е во одмината фаза и не чувствува никакви болки при допир на местото каде што сѐ уште е видна лузната од раната.
Расел без никаков отпор дозволува да му се стави околувратник и оди одлично на поводник.
„Насмевката на Расел, неговата желба за живот и радост околу вработените во ЈП ‘Лајка’, едноствано, е неопислива. Ова прекрасно и исклучително мило куче заслужува да си најде дом и вистинско семејство што побргу. Расел има 2-3 години, среден раст е и е микс од стафорд. Обожава да си игра, да трча и да скока, сака да биде во друштво на луѓе. Сака да ужива под сенка во природа, има мил карактер и многу сака да се гали. Добро се однесува со други кучиња“, велат од ЈП „Лајка“.
Сите заинтересирани за удомување на Расел може да ги испратат своите пријави на [email protected].
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

