Македонија
Се врши ревизија на работењето во Детската клиника
„Во врска со објавените информации за работењето на ексдиректорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор, проф. Аспазија Софијанова, и в.д. организацискиот директор Мемеди Аљадин, ја известуваме јавноста дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во разни домени, меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа“, соопштија од Клиниката за детски болести.
„По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки, Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции.
Воедно, ја информираме јавност дека доброволното враќање од страна на ексдиректорката на Клиниката, проф. Аспазија Софијанова, на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства не ја ослободува од одговорноста пред законот и надлежните институции“, велат од Клиниката.
Од таму порачуваат дека „поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да им изврши исплата за октомври 2022 година на вработените. Исплата на дежурства за вработените за октомври ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност“.
„Исто така, сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени“, велат од Детската клиника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

