Македонија
Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун
Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за пан-европската извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција.
Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и се однесуваат за академската 2024/2025 година, за следните насоки: општ менаџмент; маркетинг; финансии; менаџмент во логистика; менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.
Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува македонската Влада преку Министерството за образование и наука, а останатата половина Сити Колеџ – Европски кампус на Универзитетот Јорк. Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот.
Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање можат да се најдат во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 13 септември 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

