Македонија
(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров.
Од ЈСП информираат дека при инцидентот нема повредени патници и причинета е само материјална штета.
Автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар и бил изгаснат многу бргу благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.
Возачот на автобусот изјави дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада.
Причините за пожарот се утврдуваат, информираат од ЈСП, и додаваат дека веднаш излегле на терен. Во моментот на терен врши увид и екипа на МВР.
„Најбитно е што немаме ниту еден повреден патник. Возачот Ивица Петрушевски навреме ги евакуирал сите патници и почнал да го гасне пожарот со ПП-апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат. Почит за возачот и пожарникарите, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на „Фејсбук“, и објави видео од интервенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.