Македонија
Се засилува политичкиот прогон со неосновани пријави, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Денешниот циркус на СДСМ и ДУИ не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики. Како што граѓаните стануваат сè посвесни за неспособноста на владата и лагите на Зоран Заев, така ќе се засилува притисокот со политички монтирани случаи. Како што се зголемува револтот од насилничкото носење на штетниот закон за јазици, така се засилува и политичкиот прогон со неосновани пријави, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Управата на финансиска полиција.
Според партијата, само во држава каде што не владее правдата и каде што постапки се водат врз база на политички нарачки, а не врз база на аргументи, може да се креираат случаи во кои кривично се гонат лица, а нема утврдено никаква штета.
„Дури и лично директорот на финансиската полиција призна дека во моментов немало утврдено никаква штета и дека таа дополнително ќе се утврдувала. Повеќе од јасно е кој и зошто наредил политички да се злоупотребуваат институциите за вакви излети. Секое незаконско и несовесно постапување ќе биде ревидирано, откако ќе се врати правната држава“, соопшти опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

