Македонија
„Се немаше сенс и се остана на лицемерен став“, реагираат адвокатите за пратениците кои беа против амнестија на осудените за 27 април
Законот за амнестија на осудените за настаните од 27ми април, не помина во собранието.
Подносителите, адвокатите Митровски и Пешевски преку статуси на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство.
Пешевски во својата објава пишува дека нема да се откажат.
,,Законот кој што го предложивме за амнестија на осудените за настаните од 27ми април во собранието, глатко не помина. Повторно политиката немаше слух за обичниот народ како ни желба за исправање на историска неправда сторена со претходниот закон за амнестија и со пресудата на Основен Кривичен Суд потврдена со пресудата на Апелација…
Откажување нема!!! На ред е врховен во резерва стои Стразбур а и по 90 дена на кондиција ке ги фатиме.”
Адвокатот Јанаки Митровски во својата објава на социјалните мрежи наведе дека селективна амнестија е селективна правда, а тоа е најголемата неправда.
,,Предлог Законот за амнестија на осудените со гласање 41 ЗА 58 ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН за жал НЕ ПОМИНА и тука завршува постапката. Се немаше сенс и се остана на лицемерен став иако веќе еднаш се гласаше за амнестија на дел од овие луѓе, но останативе очигледно немаат употребна вредност. Селективна амнестија е селективна правда а тоа е најголемата неправда!!!!! Крсто Муковски си троши милионите како “ненасилен”!!!!”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

