Контакт

Македонија

Се одбележува Светскиот ден на телевизијата

Објавено пред

Денес се одбележува Светскиот ден на телевизијата.

dobivaj vesti na viber

Прогласен со резолуција на Обединетите нации 1996 година, целта на Светскиот ден на телевизијата е да се зголеми свеста за влијанието што овој медиум го има во градењето ставови кај публиката и улогата во свртувањето на вниманието кон економските, општествените, здравствените и други прашања.

„Одбележувањето на денешниот ден е признавање на улогата на телевизијата во едуцирањето, обезбедувањето информации, промовирањето на слободата на изразување, толеранцијата, отвореноста за изразување на различните култури“, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Агенцијата на сите телевизии во земјава им го честита Светскиот ден на телевизијата и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.

Македонија

Средба Лимани- Шчекич: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар

Објавено пред

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во рамки на работната посета на Берлин, заради учеството на Форумот за млади од Западен Балкан, оствари билатерална средба и со министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шчекич.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за тоа дека покрај регионалното поврзување на младите кое го прави Регионалната канцеларија за младинска соработка- RYCO, потребно е да се работи на зајакнување на меѓусебната соработка преку заедничко учество на меѓудржавни проекти.

Од страна на црногорскиот министер, беше упатена и директна покана за посета на Црна Гора во насока на продлабочување на досегашната соработка.

Соговорниците зборуваа за тоа дека Европската Унија треба да стане пофлексибилна кон државите на Западен Балкан, без условувања, туку со целосна поддршка. Затоа што Европа не е целосна без државите од Западен Балкан.

Заклучоците на крајот од средбата беа дека само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски ќе се сретне со Бербок: интеграцијата во ЕУ, политичките и економските односи меѓу двете земји, теми на разговор

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата, тој денеска ќе оствари средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција

На средбата ќе стане збор за одлични политички и економски односи помеѓу двете земји, интеграцијата на државата во Европската Унија, како и како и за други актуелни теми од регионален и европски безбедносен и политички аспект.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

Објавено пред

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.

Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?

Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.

Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, соопштува СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет3 часа

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет3 часа

Бела куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ12 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија18 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија19 часа

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија20 часа

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија21 час

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија1 ден

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија1 ден

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет1 ден

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет1 ден

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија1 ден

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија1 ден

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија2 дена

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ2 дена

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија2 дена

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ2 дена

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија2 дена

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...