Македонија
Се санираат и се пуштаат во употреба фонтаните во Kисела Вода
Пред претстојните топли денови во општина Кисела Вода забрзано се работи на санација на фонтаните чие одржување е во нејзина надлежност. Фирмата што беше избрана како најповолна на неодамна завршениот тендер веќе заврши со санација на неколку фонтани, а на другите се работи и во текот на седмицата тие ќе бидат пуштени во употреба.
Се работи за 5 фонтани што се поставени во поголемите паркови и на локации каде што често се собираат жителите на општината. Паралелно се работи и на санација на реквизитите во детските игралишта како жителите би можеле во целост овие места да ги искористат за она за што се наменети – за одмор и рекреација.
Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и почитување на законските прописи до сите граѓани што во континуитет вршат демолирање на урбаната опрема и детските реквизити во парковите и јавните површини на целата територија на општината. Уништувањето на средината во која и самите живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

