Македонија
(Видео) Се скратуваат роковите за добивање записник од увид во сообраќајна несреќа
„Реализираниот проект ‘Електронски записник од увид во сообраќајна несреќа’ претставува уште една потврда за нашите континуирани напори не само да ги надградиме севкупните професионални и технички капацитети на полицијата туку уште повеќе значајно да се придвижиме во насока на остварување на нашата трајна заложба за трансформирање на полицијата во реален сервис на сите граѓани, отворен и подготвен за сите нивни барања и потреби. Конкретно со овој проект, во контекст на реформите што ги реализираме во континуитет овие две и пол години, ги скратуваме роковите во интерес на граѓаните за добивање записник од увид во сообраќајна несреќа за кој во годините наназад се случуваше да се чека и со месеци“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната презентација на новиот проект на МВР, кој почнува в година.
Како што објасни министерот Спасовски, имплементацијата на проектот за електронски записник од увид во сообраќајна несреќа беше интензивирана во текот на 2018 и 2019 година, а станува збор за еден модерен концепт во делот од полициското работење, преку современо софтверско решение т.н. СНЕЗ, со кое се овозможува воспоставување една централна електронска евиденција на записниците за извршен увид на место на сообраќајна несреќа. Со тоа, меѓу другото, се овозможува автоматизирање и интеграција на евиденциите на разните системи во рамките на МВР, односно дигитализирање над 250 видови податоци од увид на сообраќајна незгода.
„Придобивките од имплементирањето на оваа, така да кажам, современа методологија на работење ќе бидат изразени како во делот на кратењето на времето за изработка на записникот за извршен увид на место на сообраќајна незгода, што пред сѐ е во интерес на граѓаните, така и во делот на електронската евиденција, преку обезбедување точни и навремени статистички и аналитички прегледи, битни за превентивното дејствување, но и за нормативните анализи на законските одредби и состојбите во оваа сфера“, додаде министерот Спасовски.
Со почнување на употребата на софтверот СНЕЗ не само што се создава нов и значаен инпут во полициското работење и постапување, туку е истовремено и показател дека МВР креира и воспоставува нови и квалитетни стандарди во своето работење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

