Македонија
„Се создаваат диви депонии во Топаана“: „Комунална“ ги прозва Град Скопје и Чаир да дејствуваат
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје јавува дека со месеци се соочува со проблемот на неправилно одлагање на отпадот на улицата Максут Садик во населбата Топаана, во скопската општина Чаир, каде што континуирано се создаваат диви депонии, особено во реонот на игралиштето.
Директорот на претпријатието, Абдусамед Шабани, нагласи дека не е надлежност ниту, пак, ингеренција на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје да ги превенира или казнува прекршителите на Законот за јавната чистота и ги повика надлежните институции – инспекциските служби при Град Скопје и општина Чаир, да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во координација со Урбаната заедница во оваа населба, денеска подели дополнителни сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства, а Шабани оствари средба со граѓаните, каде што ги информира за динамиката на собирање на отпадот од страна на претпријатието, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.
„И покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи, ова место претставува црна точка на која постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и претставуваат закана за здравјето на граѓаните“, рече Шабани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

