Македонија
Се утврдуваат причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа, наредена обдукција, се вештачи комбето
Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.
Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите.
Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато
Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка/ .
Изложбениот центар е дел од проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција, со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта, каде е сместен Изложбениот центар.
Градоначалникот Зоран Ногачески објави дека во Центарот преку текстови, фотографии и други содржини прикажани се многу сегменти од биодиверзитетот / флората и фауната/ ,со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна форма.
„Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор, преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца, кое е дел од светското природно наследство. И во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија,која финансиски ја помогна реконструкцијата и опремување на објектот, во кој е сместен Изложбениот центар. Исто така, изразувам благодарност и до Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид,кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато, од кои најзначајни се тие за изготвување на целокупната документација за оправданоста за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје,во категорија “Парк на природата”,постапка која е во тек“, изјави Ногачески.
Како што додаде, тимот на „Екотуризам“, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија за креирање на сите содржини внесени во центарот.
Целта е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители – туристи, посетители, ученици, стручна јавност, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000.
Македонија
Меџити: УСАИД е вклучена во многу проекти во екологијата во Северна Македонија кои ја подобруваат животната средина
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) предводена од Јери Дибле, претставник за Северна Македонија.
Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.
Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата, истакнуваат од кабинетот на Меџити.
Македонија
Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура
За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
„Овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност, тоа што го очекувале со децении да го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот“, рече тој.
Ги спомена и проектите коишто како што напомена ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто, според Мицкоски се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница.
„Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда“, рече тој.