Македонија
Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè уште се надеваат дека планот А ќе функционира.
Калас за време на денешната посета во Скопје беше прашана за став по нејзината изјава дека ЕУ има план Б за Украина, па дури и план Ц во случај Унгарија да не се откаже од ветото, а Кошта претходно рече дека дека ЕУ нема план Б за Северна Македонија.
„Како и за другите случаи што ги споменавте, ние се фоксуираме на планот А и се обидуваме да функционира. Ако се префрлате на планот Б, планот А излегува од игра. Може звучам како да зборувам шифирано, но сакам да кажам дека сè уште се надеваме оти планот А ќе функционира и ќе биде успешен. Работиме на тоа, доколку не, тогаш ќе преминеме на следната фаза“, рече Калас.
Таа беше прашана и за механизмите за деблокирање на процесот, на што одговори дека ЕУ сака Северна Македонија да се придвижи по патот, но свесни се за препреките со кои се соочува.
„Знаеме дека има пречки и тоа го дискутуравме денес за да знаеме да изнајдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор да направиме нешто, но не би навлегувала во детали. Доколку се придвижиме, ќе објавиме пред медиумите“, рече Калас.
Високата претставничка порача дека Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. Го пофли усогласувањето со надворешната и безбедносната политика со Унијата, што е важно со оглед на геополитичките предизвици во светот. Северна Македонија ја нарече сигурен партнер за регионална безбедност, но за почеток на преговорите ја истакна потребата државата да ги преземе чекорите ветувајќи уште поголема поддршка од ЕУ на тој пат.
Напредокот може да биде брз ако има политичка волја, рече Калас, и ги посочи Албанија и Црна Гора како добар пример во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

