Македонија
„Сè што кажаа, излажаа – шират хистерија и лаги“, Ковачевски му врати на Николоски за законите за автопатите
Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, шири хистерија и лаги кога зборува за договорот со „Бектел и Енка“ и штетите што тој ќе ги предизвика. Според Ковачевски, нема ништо спорно во одредбите иако Николоски тврдеше дека ќе се плаќаат пенали доколку не се донесат измените на Законот за работните односи со кои сите што ќе работат на автопатските делници на Коридорот 8 ќе работат по 60 часа.
„Единствено што знаат е да прават хистерија. Тоа го прават со сите големи инфраструктурни проекти. Тоа што го кажува потпретседателот Николовски е лага. Исто како што неговиот претседател само се заканува и ништо не работи. Единствено што гледаме секое утро се лаги и хистерија, што ги шири македонската опозиција“, вели Ковачевски.
Тој за опозицијата додава: „Сè што кажаа – излажаа“.
„Постои специјален закон за Коридорот 8. Постои договор над 400 страници, кои ќе бидат објаснети во детали. Сите лаги ќе се демантираат. Сè што кажаа – излажаа“, додава Ковачевски.
Премиерот ги спомена и судските случаи против ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, укажува како тие работеле, што укажува на тоа зошто размислуваат само на злоупотреби.
„Таа партија размислува само дали некој зел или не зел нешто. Тие кажуваат дека некој сакал некаков интерес да оствари. Јас ги повикав и ги повикувам, владата на САД, владата на Турција, дали во текот на изминатите две години, колку што се подготвува проектот, од нив има побарано нешто“, вели Ковачевски.
Николоски тврди дека Македонија ќе плаќа пенали доколку не донесе измена на закон преку Собранието за што рече дека е дел од договорот.
„Откако Владата ги потврди моите наводи дека доколку не се воведе 60-часовна работна недела, Македонија ќе плаќа огромни пенали или дополнителни трошоци за изведба, како што ги нарекува Владата, би сакал со јавноста да го споделам документот во кој се наведени пеналите/трошоците што ќе ги платат сите граѓани: минимум 53 милиони евра еднократно и 2.165.000 евра секој месец! Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека во согласност со истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60-часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишувањето на договорот со ‘Бехтел и Енка’! Исто така, пишува дека дури и да се донесе законот по овие 45 дена, сумата од 53 милиони евра ќе се плати! Тоа значи дека на 23 април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра. Ова не е само основ за оставка на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои, ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не им бегаат“, наведува Николоски во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

