Македонија
Силјановска-Давкова до Османи: Доцните со доаѓањето, требаше многу порано да реферирате за Бугарија
Доаѓате овде доцна, инспириран од господинот Петков бидејќи тој веднаш побара пред бугарското народно собрание да ја објасни целата ситуација во односите со нас, му порача пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова на денешната собраниска комисија на министерот Бујар Османи.
„Јас од телевизија дознав за нотата на Бугарија испратена во ОН и се чудев на логиката. Краткото име нешто друго асоцира. Ако во минатото речете Република Македонија, или државата Македонија тоа е референца специфика во однос на Македонија генералис, историја, географија, етнографија, сега не е така. Зошто кога ќе ја кажете државата со новото име тоа е територија која нема однапред одредница. Значи ако имаше во науката и меѓународните односи се споредуваат исти ентитети, не се споредува држава со географски територии“, рече Силјановска-Давкова.
Таа кажа и дека се чуди каде е претседателот на државата по однос на ова прашање.
„Се чудам каде е претседателот, морам да кажам. Овде треба тој да се појави бидејќи може тој тоа да го направи на наше барање, а може и сам, тоа е исто така една поента“, нагласи таа.
Според пратеничката, Османи повеќе пати ја споменал резолуцијата за црвените линии во проговорите, но како што рече, неколку пати со неговите изјави излегол надвор од резолуцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

