Македонија
Сиљановска доби честитка од кралот Чарлс

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката Сиљановска Давкова посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.
Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит.
Амбасадорот Лосон на претседателката Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.
„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како Претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како Претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од Кралот Чарлс Трети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отстранет е штандот за свеќи и книгата на жалост иако се уште трае седумдневната жалост, реагираат граѓаните на Кочани

Граѓаните од целата земја во солзи и огромна тага се збогуваа од 59-те млади животи што згаснаа во пожарот во дискототека Пулс во неделата. Најголем дел од нив беа погребани во Кочани.
Во Кочани беа погребани 31 од жртвите, најмладите имале 16 години. Дел од жртвите беа погребани во Штип, Виница, Облешево.
Шест од загинатите се малолетници, најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 21 и 26 години
Македонија
Таравари: Нема потреба никој да собра пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба од шпекулации и невистини во врска со плаќањето на лекувањата на повредените.
„Генерално, 99 отсто сигурни сме дека е бесплатно и нема потреба никој да собира пари. Дури како Влада обезбедивме и по двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се вратат. Да им плати Владата пат и сместување во сите држави во кои се сместени повредените. Нема потреба за шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава нешто да е побарано, но, генерално, е бесплатно“, рече денес министерот Таравари.
Синоќа, пак, во телевизиско гостување, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, рече дека биле фокусирани на тоа сите пациенти да добијат соодветна грижа, да бидат пренесени во соодветни клиники и да им се помогне, а за тоа дали и колку треба да се плати, допрва ќе разговараат.
Македонија
Kорупцијата убива, платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара отчетна истрага за трагедијата во Кочани

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во дискотеката во Кочани и изразува желби за побрзо закрепнување на повредените.
„Пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со „Беса транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше да се случи и пожарот во „дискотеката“ во Кочани за одново да се потсетуваме дека повеќедецениската системска корупцијата зема животи“.
Платформата, како што напоменуваат во соопштението, будно ги следи постапките во случајот со пожарот во Кочани и укажува дека тоа што сега најмалку треба да се обезбеди е сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага. Бараме истрагата да се води отчетно и транспарентно и за неа да известуваат оние кои со закон се надлежни да го прават тоа.
„Во овој момент, одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа, без разлика дали и од која партија е, од која верска или етничка припадност е и дали е поранешен или сегашен функционер. Додека не создадеме систем во кој вистинските луѓе со интегритет ќе бидат на вистинските позиции, не треба да се откажеме.
Во досегашното еднодецениско постоење на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата постојано реагираме и бараме промени во разни сегменти од системот што да се прифатеа, ќе оневозможија токму вакви случувања. Потребни се системски промени кои ќе покажат дека постои реална волја и заложба за бескомпромисна борба со корупцијата од сите чинители, а особено надлежните. За жал, праксата константно покажува дека желбата за лично богатење секогаш била над онаа за создавање на систем во кој правилата и процедурите ќе се почитуваат подеднакво од сите, на сите нивоа во општеството.
Имајќи ги предвид прогласените денови на жалост, Платформата за сега ќе се воздржи од натамошни коментари за конкретниот случај, но најавуваме дека во текот на идната недела ќе организираме прес-конференција на којашто ќе ги објавиме нашите конкретни барања што очекуваме да се спроведат од надлежните органи и тоа ќе го следиме за да започне колективна бескомпромисна борба против корупцијата.