Македонија
Силјановска: Ќе се водам од правото, правдата и од моралот
Ви благодарам што повторно имавте разбирање за некој што е натпартиски, рече професорката Гордана Силјановска-Давкова на вечерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претставување на кандидатите за пратеници, што се одржува во Македонската филхармонија.
Силјановска е носител на листата во Првата изборна единица. Таа пред присутните рече дека се израдувала кога видела дека на листата има луѓе што не ги знае и никогаш не слушнала за нив, но потоа дознала дека тие се почитувани во средината и во професијата.
„На претседателот Христијан Мицкоски му велам ‘мора да направите влада што ќе личи на вас, влада што ќе биде експертска, влада во која ќе седат луѓе што во професијата се препознаени и знаат што да прават, влада помала од оваа, мора да побарате сами да одговарате на пратенички прашања еден ден во неделата, тоа одамна не сме го виделе’. Замислете, пратенички прашања еднаш месечно на свети четврток. Мора да ставиме крај на ова. Јас со своето знаење ве уверувам дека ќе се водам од правото, од правдата и од моралот. Ние мора да втемелиме, да возобновиме политика во границите на правото. Само таквата политика ќе овозможи европски стандарди на демократијата и ќе ни го отвори патот кон Европа. Тоа и не е пат. Тоа е познавање, тоа е обнова. И јас навистина верувам дека обновата е пред портите на Македонија“, рече Силјановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

