Македонија
Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани во текот на утрешниот ден, кога ќе се случува погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница.
МВР се задолжени за преземат безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите изготвен е протокол – да бидат оддалечени на 300 метри од капелата за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.