Македонија
Најдоцна за пет години ќе се менуваат сите документи
Кога договорот со Грција за решавање на спорот за името ќе стапи во сила, новото име Република Северна Македонија ќе се користи во сите релевантни меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми вклучувајќи ги сите средби и коресподенција, во сите нивни билатерални односи со земјите членки на ОН.
Ќе има два транзициски периода за промена на документите – едниот ќе биде технички, а другиот политички. Техничкиот транзициски период ќе се донесува на сите официјални документи и материјали од јавната администрација на земјава за меѓународна употреба и на оние за внатрешна употреба што може да се употребуваат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во договорот најдоцна во рок од пет години по стапувањето во сила на договорот.

Политичкиот транзициски период ќе се донесува на сите документи и материјали исклучиво за внатрешна употреба во земјата. Издавањето на ваквите документи и материјали што се опфатени со оваа категорија ќе почне при отворањето секое поглавје на релевантното поле во прегворите со ЕУ и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Во однос на кодовите – МК – МКД, тие остануваат меѓународно прифатени и препознатливи кодови. Регистарските таблички на возилата не се дел од меѓународната кодификација и поради тоа, тие ќе го следат духот на договорот што ќе се потпише со Грција – НМК.
Во врска со употребата на името Македонија во термините на комерцијалните имиња, логоа и имиња на марки, се наведува дека страните се согласуваат да ги поддржат и да ги охрабруваат своите деловни заедници да воспостават искрен, структурен и добронамерен дијалог, во чиј контест ќе се бараат и ќе се постигнуваат заемно прифатливи решенија на проблемите што произлегуваат од комерцијалните имиња, логоа и имиња на марки и сите ревевантни прашања на билатерално и меѓународно ниво. За имплементација на одредбите, ќе биде утврдена меѓународна група од експерти, составена од претставници на двете држави во контекст на ЕУ со соодветно учество на Обединетите нации и ИСО. Оваа група ќе биде формирана во 2019 година и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ништо нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

