Македонија
Сијарто во телефонски разговор со Димитров: Почната е процедурата за азил на Груевски
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во телефонски разговор со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, потврдил дека поранешниот премиер Никола Груевски поднел барање за азил и дека веќе е почната правната процедура.
„За време на разговорот, министерот Димитров посочи дека во случајот станува збор за осуденик против кого се водат уште неколку други судски постапки за сериозни кривични дела. Министерот воедно ја потенцира важноста на принципот на владеење на правото, кој претставува темелен европски принцип. Притоа укажа на парадоксалноста на ситуацијата да се бара политички азил во земја членка на ЕУ од страна на личност во чие време на владеење земјата кандидат за членство во ЕУ беше карактеризирана како заробена држава и од страна на самата Европска комисија“, соопшти македонското МНР.
Сијарто нагласил дека унгарската поддршка за реализација на аспирациите за европска и евро-атлантска интеграција на Република Македонија, како и добрата билатерална соработка меѓу двете земји, ќе продолжат и во иднина.
Од Министерството посочуваат дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

