Македонија
Скопското Обвинителство од американската амбасада доби компјутерска и техничка опрема за брзо наоѓање докази
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на Скопското јавно обвинителство денеска му донира компјутерска и техничка опрема, наменета првенствено за потребите на истражителите што работат на откривање докази во истрагите.
Агелер рече дека Македонија има проблем со корупцијата, која е присутна подолго време.
Таа додаде дека тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци.
Агелер уште еднаш посочи дека зајакнувањето на правосудството во Македонија на сите нивоа е главен приоритет за Амбасадат на САД, за неа лично и за Вашингтон.
„Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани. За тоа е потребно време. Еден компјутерски систем нештото нема да го реши, но е приоритет, и ако имам една цел како амбасадор во земјата, тоа е да се осигурам дека ќе направам сè што можам заедно со мојот тим за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството“, изјави Агелер.
Јавниот обвинител на Скопје, Гаврил Бубевски, рече дека се работи за сериозна донација што ќе помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект и изрази надеж за понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

