Македонија
Скопје – домаќин на најголемата ЛГБТИ конференција во регионот на Западен Балкан
Унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е целта за која ќе дискутираат стотици ЛГБТИ активисти, родители на ЛГБТИ млади, претставници на владите, пратеници и пратенички, експерти од Западен Балкан и Турција. Конференција ќе се одржи од 3 до 6 октомври во хотелот „Александар Палас“ под мотото „Наспроти сè, иднината е наша!“
Клучни области на кои ќе се фокусира дијалогот меѓу граѓанското општество и властите од регионот и Турција се образованието и правата на трансродовите лица. Властите и активистите ќе изнаоѓаат решенија за инклузивно образование и безбедни училишта за ЛГБТИ младите, како и законски решенија за правно признавање на родот, односно можноста трансродово лице да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и на тој начин државата да го признае неговиот вистински род.
Конференцијата е организирана во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за надворешни работи на Р Македонија. Во рамки на првиот ден е закажан министерски состанок на кој ќе присуствуваат делегации од владите на Косово, Црна Гора и Македонија.
Интерпартиската парламентарна група за ЛГБТИ права од Македонија е домаќин на пленарна сесија за улогата на парламентите во унапредување на правата на оваа заедница. На пленарната сесија ќе учествуваат Џули Вард, пратеничка од Европскиот парламент, Наташа Шукич – пратеничка од Словенија, Гордана Комич – пратеничка од Србија и Маја Морачанин – пратеничка од Р Македонија и координаторка на интерпартиската група.
Во рамки на конференцијата ќе се одржи и затворен состанок меѓу родители и членови на семејства на ЛГБТИ млади од Македонија и Турција.
Конференцијата е организирана од ЕРА. ЕРА е асоцијација која вклучува 58 ЛГБТИ организации од 9 земји во регионот на Западен Балкан и Турција. Годишната конференција на ЕРА во Македонија ја организираа: Коалиција „Маргини3, ЛГБТИ Центарот за поддршка, ХЕРА, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Субверзивен фронт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

