Македонија
Скопје по 19-ти пат дел од австриската балска култура
Вчеравечер, во хотелот „Александар палас“, традиционално се одржа „Виенскиот бал“ во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителство на – Амбасадата на Република Австрија во земјава. Организацијата, програмата, уметниците и зрелата балска публика на 19. издание на оваа манифестација, потврдија дека „Виенскиот бал“ во Скопје е конкурентен на кој било виенски бал одржан во светските метрополи. Од минатата година, „Виенски бал“ во Скопје е ставен и на светската мапа виенски балови, а голем број странски дипломати и гости уживаа во оригиналната програма на балот, покрај домашната балска публика.

Годинава, балот го отвори конзулката и подсекретарка на амбасадата на Република Австрија во земјава, Габриеле Јанежиќ, а стотина уметници се погрижија публиката да остане на нозе до рано наутро. За танцот со звуците на валцерите се погрижи оркестарот „Јохан Штраус“ – триесет професионални музичари, кои музицираа под диригенство на Бисера Чадловска.
Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“ го преполнија подиумот на „Виенскиот бал“ и предизвикаа восхит во салата. Доцна во ноќта, публиката танцуваше и уживаше и во настапот на еден од најмоќните вокали на нашата поп-рок сцена, Нина Јанева, која настапи во придружба на „2Ексит“ и виртузот на сакасафон, Горан Папаз.
Танчарите на танцовиот клуб „Прима данца“ повторно беспрекорни на подиумот на „Виенскиот бал“ изведуваа атрактивни точки, вредни за громогласни аплаузи од публиката. А балетската уметност на сцената на „Виенски бал“ ги восхити присутните, првенците на МОБ, Марија Кичевска и Бобан Ковачевски изведоа адаџо од балетската претстава „Клеопатра“ пред гостите на балот.

Манифестацијата, четврта година по ред, ја водеше Јована Стојменовиќ, која во согласност со задолжителниот дрес-код на балот носеше прекрасен балски фустан специјално дизајниран за приликата од страна модната дизајнерка, Антонија Ристовска, а стилистот за коса и шминка Владимир Трајковски го комплетираше изгледот на водителката. Гостите, дипломатите, уметниците покажаа рафиниран стил со гардеробата изгледот што го избраа за балот во рамките на пропишаните стандарди.
И оваа година, „Виенскиот бал“ и елегантните гости беа во служба на хуманоста. Компанијата „Охридски бисер Филеви“ и Државна лотарија на Македонија им овозможија на гостите на балот да ја покажат својата хуманост, а собраните средства се наменети за граѓанската организација на лица со и без хендикеп, која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп „Полио плус“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

