Македонија
Славева: Антиваксерската кампања која СДСМ ја водеше со години ги зема своите жртви
Антиваксерската кампања која СДСМ ја водеше со години, уште од времето кога беше опозиција, ги зема своите жртви, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска беше прогласена епидемија од морбили на територијата на целата држава.
„Додека Филипче тера кампања за Пендаровски, епидемијата на морбили се шири. Откако не успеаја да се справат со епидемијата на морбили, по повеќе од четири месеци мораа да прогласат епидемија на територија на цела држава. Венко Филипче ги излажа граѓаните, тој уште во јануари ветуваше дека за две недели ќе биде решена состојбата со морбилите, но поминаа и три месеци, а стиуацијата не само што не е решена, туку и излезе од контрола. Филипче, како и досега, така и сега, поради Пендаровски ги заборави и граѓаните кои во здравството не можат да добијат основна здравствена услуга, а цел живот одвојуваат пари“, рече Славева.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче работи за Пендаровски наместо за граѓаните и е неспособен да го менаџира здравствениот сектор.
„Неспособноста и лошите политики на Филипче и Заев уште еднаш ги гледаме на дело, сега кога епидемијата енормно се шири, а тие тераат политика со цел реализирање на своите интереси. Крајот на епидемијата не е ни на повидок. Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните и да заборави на своите лични интереси, и интересите на партијата и претседателскиот кандидат Пендаровски, ако не треба веднаш, по толку пропусти да замине од местото министер за зравство“, додаде Славева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

