Македонија
Славиме за 7-ка вредна 27,385,728 денари во градот Кочани
Државна лотарија со радост известува дека во 11. коло од играта на среќа лото 7, падна 7-ка лото-премија во вредност од 27,385,728 ден., (околу 440,000 евра). Извлекувањето се реализираше во среда, на 9 февруари (2022 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место „Балила 1“, во Кочани. Уплатени се 2 лото-комбинации, а добитна е 2-та комбинација со броевите: 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37.
Ова е петта 7-ка од играта на среќа Лото 7, а 26-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа (од 2010 година).
Во јуни, 2021 година, Семејството Велковски од скопско Визбегово ја постигна досега најголемата премија во износ од 41,163,771 денар, уплатена во ЈМБ Компани – Визбегово. Во септември, 2020 година, Семејството Јанковски од Битола ја постигна досега најголемата премија во износ од 31 165 143 денари, уплатена во Алек Табак во Битола. Една година претходно (2019 г.), среќните броеви уплатени во Аива Кичево, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесоа 7-ка вредна 11 966 712 денари, по само 5 месеци откако беше постигната првата 7-ка на Лото 7, на 8 мај 2019 година, во износ од 299 293.990 денари, во Кавадарци.
Во историјата на лото-игрите на среќа, на Државна лотарија, за 7-ка досега се славеше во градовите: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на 7-ката, запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, населбата Визбегово. По првпат славиме за 7-ка и во Кочани.
Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – да се добие 7-ка на лото. Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитникот и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на лото-играчот чиишто среќни броеви му донесоа добивка во износ од 27,385,728 ден., за само 40 денари.
Во тек е уплатата за 12-то коло , а премијата за 7-ка изнесува 7 000 000 денари.
Во зимските денови Ви предлагаме онлајн уплата и онлајн игра на www.loto.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.
Македонија
СДСМ за Груби: Режирана претстава на границата, фалеше само црвен килим
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ преку соопштение.
„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.
Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.
И на крај целосно разобличување.
Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.
Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.
Сè е договорено.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците
„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.
„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.
Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.
Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.
СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.
СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

