Македонија
Снег провејува во Охрид, Битола и во Прилеп
Изутринава времето е претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег, и тоа во Охрид, Битола, Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер, кој повремено се засилува, особено на северот и на повисоките места.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува засилен северен ветер, најизразен на север во Кумановско, во делови од Скопско, во Штипско и кон југ по должината на Повардарјето. Брзината на ветерот некаде ќе надминува 70 км/час. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно, со услови за краткотраен дожд, а на повисоките делови од слаб снег. Ќе дува и умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 4 степени.
Под влијание на многу студена воздушна маса од север, од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

