Македонија
Соботка: Сега е на ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија
Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, во разговор со претседателката на вториот дом на холандскиот парламент, Кадија Ариб, се залагаше за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
Соботка на работен појадок, во пресрет на денешната конференција на парламентите на ЕУ, истакна дека тоа е прашање што се однесува на стабилноста, но и кредибилитетот на ЕУ во регионот.
Тој на холандската колешка, чија земја има воздржан пристап кон проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, ѝ укажа на зголеменото влијание на другите земји врз регионот.
Пристапната перспектива е клучна движечка сила за спроведување на внатрешните реформи во Западен Балкан, рече Соботка, особено истакнувајќи го историскиот договор на Северна Македонија и Грција.
„Сега е на ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија. ЕУ мора да покаже дека преземените напори не се без врска, туку дека демократските и политичките реформи се исплатат“, рече тој.
Соботка исто така ги пофали реформските мерки во Албанија и рече дека отворањето на пристапните преговори би бил логичен чекор на долгиот пат кон членството.
Тој истакна дека нема отстапување од исполнувањето на предусловите на патот кон ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

