Македонија
Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левицата ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош
Поради блокадите на ДПМНЕ и Левицата, загрозена е работата на градинките, училиштата и на администрацијата на Општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во Општината, Владимир Бислимовски.
На последната седница на Советот на Општина Карпош, вели тој, ДПМНЕ и Левицата не само што го блокираа донесувањето на буџетот туку ја блокираа и одлуката за привремено финансирање.
Со ова вработените во градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените што се грижат за водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.
„Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и на Левицата, па вака да ги казнуваат? Затоа е и овој протест денеска на некои од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можае да си ги платат сметките, да не може да одвојат за своите деца. Ова што го прават ДПМНЕ, Левицата и Мицкоски не е политика. Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски“, рече Бислимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

