Македонија
Советот на јавните обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
„Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.
Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал.
Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.
Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС.
Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС.
Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи.
Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

