Македонија
Сомнителни фаворизирања на бизниси, преку кои СДС и ДУИ, заедно со изведувачот Стевчо Јакимовски сакаат да градат згради од 35 ката кај Алумина, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски сега се јавува како изведувач во корист на коалицијата СДС и ДУИ. Тие заедно си бираат кој ќе продолжи со бетонизација на Карпош, овој пат станува збор за бизнис кој би чинел 600 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е случајот со изградба на висококатници до 35 ката. Ова е планирано да се прави во кругот на поранешната фабрика Алумина. А, токму компанијата „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, е компанијата која сака да ги гради висококатниците.
Станува збор за изградба на 353.491 метри квадратни станбен и деловен простор на локацијата кај поранешна Алумина.
Со ова тие се дел од активност која ќе го отежне живеењето на граѓаните во овој дел на Скопје.
Има многу прашања кои треба да се одговорат, а главно е зошто СДС и ДУИ сакаат да го реализираат овој проект?
Во целата оваа ситуација како изведувач се јавува Стевчо Јакимовски кој очигледно исто ќе има корист.
Вакви сомнителни фаворизирања на одредени фирми, лица ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи и истите ќе ги спречи, бидејќи факт е дека голем дел од тие 600 милиони евра ќе завршат во приватни џебови на лица од власта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за нова чесна и одговорна политика, истакнаа од коалицијата „Вреди“.
Во повеќето општини во земјата првите резултати покажуваат широка поддршка за визијата на „Вреди“, за работа, развој и одговорност. Албанците правилно ја прочитаа нашата одоворност и дадоа јасна порака дека повеќе не веруваат во старите приказни на политиката на старв и измама. Со месеци Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села се обидуваат да ги држат Албанците како заложници со нивниот трик на референдумот кој им служеше за политички опстанок. Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам а паниката во политика“.
Албанците веќе не веруваат во стравот како политичка алатка, велат од коалицијата и нагласуваат дека „Вреди“ победи во првиот круг во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново.
„Во вотриот круг како победници влегуваме во Тетово со многу јасна победа, во Дебар, Брвеница, Долнени и во Струга. Албанците ја испратија најмоќната порака на овие избори. Времето на Али Ахмети заврши. Еарата што ја држеше надежта на Албанците како заложник заврши а започна нова страница, политика на луѓе кои работа, слушаати кои не заплашуваат“, порачаа од „Вреди“.
Македонија
Бујар Османи му ја честиташе на Изет Меџити победата во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честиташе на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ победата во првиот круг на локалните избори.
Во објава на социјалните мрежи, Османи изрази задоволство што изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека граѓаните го имаат последниот збор во политиката.
„Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во раководењето со општината во наредните четири години,“ напиша Османи.
Тој им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за, како што истакна, кампања исполнета со посветеност, визија и нови пријателства.
„Иако кампањата не беше фер ниту законита во секој аспект, не сакам да се жалам, затоа што искреноста и вредностите имаат смисла само ако ги задржите и во вакви ситуации,“ додаде Османи, најавувајќи дека за следните политички чекори ќе се произнесе во наредните денови.
Македонија
Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција.
„Во втор круг одиме и во Студеничани, каде што водиме во однос на независниот кандидат. Уште од првиот круг натпреварот е завршен — имаме наши градоначалници во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница“, изјави Адеми.
Тој додаде дека ДУИ е апсолутен победник во Врапчиште, но поради, како што рече, бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, не е обезбеден цензус.
Додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и Арачиново.
Според него, на национално ниво Националната алијанса за интеграција е апсолутен победник со над 20.000 гласови.
Прашан за поразот на Бујар Османи во Чаир, Адеми рече дека веќе се упатени честитки кон Изет Меџити и изборниот резултат го опиша како граѓанска волја.