Македонија
СОНК продолжува со штрајкот: „Заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата“
Штрајкот во образованието ќе продолжи, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, информирајќи дека Советот на СОНК денеска констатирал оти вчерашните владини заклучоци не водат кон решавање на несогласувањата.
„Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот доколку до септември годинава, односно до изминување шест месеци од носењето на минималната плата, таа се усогласи со колективните договори како што е впрочем предвидено во Законот за минималната плата“, рече Неделков.
Тој објави дека се врши силен притисок врз штрајкувачите оценувајќи дека заплашувањата за скратување на дневниците на штрајкувачите во деновите на штрајк, ги сметаат за обид за негово спречување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.
Македонија
(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.
„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.
Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.
Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.
„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово
Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва.
Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа“, кажа Димитриевски.
Противкандидат на Димитриевски во трката за градоначалник беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.

