Македонија
Сончево време, попладне со пороен дожд во западните делови
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C.
Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено утре и во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија
„Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков. Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати“, велат од „Влен“.
„Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Северна Македонија. На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на политичарите кои се плашат од одговорност.
Изработката на новиот Кривичен законик бара длабинска анализа, професионално усогласување и вклучување на најдобрата правна експертиза, поради што ВЛЕН поддржува одговорен пристап заснован на европските принципи. Нашиот пристап е јасен: на земјата ѝ е потребен современ Кривичен законик, изграден врз принципот на еднаквост пред законот и со реален капацитет да обезбеди ефикасно казнување за корупција и злоупотреба на моќ.
ВЛЕН беше првиот што побара зголемена одговорност за корупција на високо ниво, преку уставен амандман. Нашиот приоритет е едноставен, кривичен систем што ги штити граѓаните и правдата, а не оние што со години го користеа законот за да се исчистат од скандали“, соопшти „Влен“.
Македонија
Несреќа на патот Градско – Велес, сообраќајот во прекин
АМСМ извести дека на регионалниот пат Градско – Велес се случила сообраќајна незгода.
Поради тоа од 09 часот и 50 минути сообраќај на патот е во прекин.
Македонија
Започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги
Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.
Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година.
Чекори за аплицирање за студенти кои се во евиденција на МОН (линк до услугата: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980)
- Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
- Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер.
- Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година.
Чекори за аплицирање за студенти кои НЕ се во евиденција на МОН
- Доколку при аплицирањето системот утврди дека студентот не е во евиденција на МОН, тој автоматски добива известување и линк кон посебната услуга:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде треба да продолжи со апликацијата до 20.12.2025 година. - Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
- По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер.
- Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.
Економски оператори за реализација на ваучерите:
Министерството за дигитална трансформација ги охрабрува сите студенти да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност преку Националниот портал за е-услуги.

