Македонија
Сончево време со мала локална облачност, во попладневните часови дожд и грмежи

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степена. УВ=7
Во Скопје, претпладне сончево со слаб северен ветер. Од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Асфалтирање на краци од улица „500“ во Марино, општина Илинден

Во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, општина Илинден продолжува со активности за подобрување на патната инфраструктура, известуваат од Општината.
Како дел од овие активности, целосно се реконструирани и асфалтирани три краци (крак 1, крак 4 и крак 5) од улицата „500“ во населбата Марино, во вкупна должина од приближно 230 метри, велат од општина Илинден.
Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во градежните зафати и нагласи дека претходно на овие улици е поставена фекална канализација, по што се пристапува кон финализирање со асфалтирање. Во наредниот период се предвидува продолжување со слични зафати на други улици, со цел унапредување на условите за сообраќај, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на жителите.
Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, со што значително ќе се подобри локалната патна инфраструктура, се додава во соопштението.
Македонија
(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа.
Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.
Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, велат од Царинската управа и додаваат дека и натаму остануваат посветени на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.
Македонија
Салиу-Хуменбергер: Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, оствари работна средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.
Во рамки на разговорот, соговорниците разменија мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинираа можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.
„Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет,“ истакна Салиу.
На средбата беше нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности кои ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.