Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време. Во петок ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h) кој ќе услови пониска дневна температура, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР.
Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски.
„По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа дополнително ќе ја влоши безбедносната на граѓаните којашто со Тошковски е веќе загрозена. Тошковски ги урива критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата. Целосно го елиминира кариерниот систем, напредувањето на професионалните луѓе со искуство, со знаење.
Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што тој ќе го одбере. Без искуство, без знаење, но со партиска книшка“, рече Талески.
Како што додаде, Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри. Во време на сериозни геополитички предизвици и безбедносни ризици, ова, смета СДСМ, е директен удар врз граничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти.
„Тошковски сака да овозможи бришење на полициски податоци. Без траги, без евиденција, без одговорност. Ова е опасен механизам за прикривање на криминал и заштита на структури блиски до власта. Ја подига старосната граница на 30 години за прием во полицијата што е е директна дискриминација на младите и отворање простор за вработување на партиски кадри. Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владеење на правото“, додаде Талески.
Се додава и дека ова е нова верзија на Груевизмот, партиска милиција за заштита на криминалот на Власта. Панче Тошковски да решава кој ќе биде уапсен кој не, кој ќе се спаси од одговорност и ќе биде заштитен. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија и затоа овој скандалозен Закон мора да биде повлечен, додаде Талески.
Македонија
До сабота натпросечни температури над 40 степени, од недела дожд

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.
До сабота (26.7) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за јули. В недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Извор: УХРМ
Македонија
(Фото) Герасимовски: Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало, Центар како светските метрополи

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.
Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека муралот е дел од континуираната заложба на општината да го разубавува јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи.
„Проектот е поддржан од Општина Центар, како дел од програмата за развој културата. Муралот е избран преку јавен повик, со што уште еднаш покажуваме дека транспарентно го поддржуваме домашниот уметнички потенцијал. Муралот нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста”, вели Герасимовски.
Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении Бушава азбука, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.