Македонија
Сончево и ветровито со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 16 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус на „Дурмо турс“, во која загинаа 16 лица.
„Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ- 979/24, во јавноста познат како „Ласкарци“, по одржана јавна седница на 02.04.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Ѓ.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г., а делумно ги уважи жалбите на обвинетите Р.М. од с.Ч, Г и М.Т од Г. и делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што: Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи спрема обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и се осудуваат и тоа: обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години;
Обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години,
Обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години;
Обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години.
Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбите на оштетените по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.
Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка“ се истакнува во официјалната информација од Апелациониот суд.
Македонија
Манасиевски: Фирмата за тендери, „Стентон градба“, во време на СДС 90 oтсто од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДС работеа само за тендери. За овие вториве СДС се патрон. Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба. Ова го изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото.
„Мора да се нагласи дека и остатокот од 5 милиони евра, кои не се добиени директно од тендери, поголемиот дел се наплатени како подизведувачи на други фирми исто така на тендери. Дали некои фирми се направени само за да фаќаат тендери, додека остатокот треба да се мачат и по пазарни услови да се борат за корка леб? Како е можно Стентон Градба да нема никаква друга работа освен тендери, и тоа кога СДС беше на власт да биде во топ 10 тендераџии во државата? Дали институциите не го сметаат за сомнително тоа што фирмата 4 години буквално живеела само од тендери? Фаќала работа далеку од нејзината база, а фирми кои се многу поблиску истата не ја добивале? Дали и како Стентон Градба ги добивале тендерите? Дали игра клучна улога СДС, Заев и Филипче?“, праша Манасиевски.
Македонија
Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој се обрати до Европскиот Фронт и посочи дека ДУИ веќе една година гледа се низ призма на меѓуетнички односи, шири негативната енергија меѓу граѓаните, и ја разгорува нетрпеливоста.
„Голема е одговорноста на јавно кажаниот збор, од страна на пратеник, политичар и било кој друг функционер. Јас во ова Собрание бев опозиција додека вие бевте владејачка партија изминатите четири години, ние бевме жестока опозиција но никогаш не пуштавме негативна енергија врз основа на конструкции, лаги и манипулации“, истакна Пренџов.
Пренџов истакна дека ДУИ и покрај казнувањето со опозиција од страна на граѓаните, не ја научиле лекцијата и дека ДУИ останува нереформирана партија.
„Денеска е една година 8 Мај, лани на денешен ден отидовте во опозиција, денес на денешен ден ништо не сте научиле од таа лекција, останувате нереформирана партија, останувате партија којашто не е во тек со времето, друго време е други политики се. Друга е транспарентноста, друга е сега одговорноста“, посочи Пренџов.
Пратеникот исто така запраша:
„Зошто ДУИ во изминативе 25 години бил еден од важните фактори за формирање на Влада и никогаш ама баш никогаш во преговорите и со СДС и ВМРО-ДПМНЕ не рекол да, ние ќе бидеме коалиција со вас доколку Тетово-Гостивар имаат автопат. Тоа никогаш не сте го побарале. Вие како ДУИ никогаш не сте рекле нема да влеземе во Влада доколку патот Гостивар-Кичево не се направи и не биде пристоен за возење“, дециден е Пренџов.