Македонија
Сончево и релативно топло време

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне по должина на Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено по должина на Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач од ф – 2,5 “ на улицата 16 – та Македонска Бригада б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Лазар Поп Трајков, Трифун Хаџи Јанев и Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.