Македонија
Сончево и топло време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со со мала до умерена локална облачност и со слб до умерен ветер претежно од југоисточен и југозападен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес во Охрид и околината

Земјотрес со јачина од 2,4 степени е регистриран утрово во 3,59 часот на територијата на Охрид и околината.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси.
„Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе дојдело. По четири години локална власт и една централна, ВМРО-ДПМНЕ порачува: не гледајте што правевме досега, туку гледајте кон иднината“, рече Филипче пред присутните.
Тој реагираше на, како што истакна, обидите на власта да го релативизира сопствениот неуспех.
„Но јас имам една порака до Мицкоски – денот по утрото се познава. А утрото кое требаше да донесе надеж, гордост и перспектива, донесе само понижувања, негрижа, ароганција и своеволие. Додека Мицкоски држи прес-конференции за „успеси“ што никој не ги видел, земјоделците се оставени без денар поддршка, економијата е заглавена во место, со негативен раст. Нема поврат на ДДВ за фирмите, нема раст на платите. Нема реформи во судството. Нема мерки за цените. Има само долгови – 7 милијарди евра нов долг за една година. Има и галопирачка инфлација, во време кога властите нè убедуваат дека сме економски „тигар““, додаде Филипче, потенцирајќи ја апсурдноста на владините наративи во споредба со реалноста.
Во завршницата на своето обраќање, тој ја истакна директната реакција на граѓаните од теренот.
„Манипулациите не поминуваат кај граѓаните – денес тоа јасно го почувствував во Кавадарци. Сите се свесни дека не може ништо добро да се очекува од оваа власт. Напротив, како што тргнале состојбите, најлошото допрва доаѓа“, рече Филипче.
Завршувајќи го обраќањето, тој ја пренесе пораката на СДСМ:
„СДСМ останува таму каде што власта одамна не е – меѓу народот. Битката што следи не е само изборна – таа е борба за нормалност“, заклучи Филипче во Кавадарци.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали советниците на Филипче добиваат инструкции за тепање?

Филипче и понатаму собира политички поени и неговото молчење е се погласно, што веќе сигнализра одобрување. Очигледно е дека во мрежата на СДС, чуварот на фотелјата, Филипче го премолчува, толерира, па дури и го наградува насилството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Акиов беше клиентелист на Заев и дали поради тоа се чувствува сигурно и не презема одговорност? Акиов за сите нормални луѓе е насилник, меѓутоа за Филипче тој е човек од доверба, и човек кој тепа во име на политички интерес, а притоа не се срами бидејќи знае дека неговиот ментор молчи, и затоа ни Филипче бар оставка, ни Акиов поднесува. Дали советниците на Филипче добиваат инструкции за тепање, и дали во СДС има место само за лојални, па дури по цена и ако се насилници? Филипче се обидува да воспостави контрола на локален терен, и тоа избира да го прави преку насилство“, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ прашува уште колку вакви насилници, уште колку Акиовци се кријат низ советите и општините, уште колку тепачи има во мрежата на Заев и Филипче?
„Дали СДС ги резервира советничките места за послушници кои се подготвени на се, па дури и на физичка пресметка? Аки Акиов, член на Советот во општина Кочани од редовите на СДС, е разоткриен. Време е граѓаните да знаат уште колку вакви тепачи има, и кои од нив се спремни да тепаат по партиска наредба. ,Дали истите се шетаат по општините со чувство дека се над законот? Никој не е над законот. Секој кој го прекршил треба да одговара“, велат од партијата.