Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степен.
Ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Левица обвини за повеќе нерегуларности

Политичкаата партија Левица на првата прес-конференција обвини за повеќе нарушувања на изборниот процес.
Беше соопштено дека изборниот молк не бил почитуван, штабовите биле отворени. Нивни набљудувачи не биле пуштани, и имало низа притисоци по СМС и во живо.
„Во изборната единица 3 во неколку општини, се направени анонимни повици кон наши активисти и кандидати на кои им не нудено одреден број гласачи од ромска етничка заедница да гласаат за одредена сума на пари. Претпоставуваме дека разговорите се снимени во обид да се компромитираат понатаму кандидатите“, беше истакнато. Случајот бил пријавен.
Македонија
Пецаков прогласи победа во прв круг: Ќе има повеќе од 10.000 разлика

Кирил Пецаков прогласи победа во прв круг и им заблагодари на охриѓани што му дале доверба за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека досега ниту еден градоначалник не добил таква поддршка, а очекува голема разлика и за советничките листи.
„Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои било локални избори се случила. Бескрајно благодарам. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги направивме во изминатите четири години сега ќе бидат на уште појако ниво. Ќе има повеќе од 10.000 разлика. Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.
Тој заедно со симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе слави со гласна музика од штабот, а се слушаат и пукотници.
Македонија
Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет Меџити, во другите општини убедливо води „Вреди“, додаде тој.
„Тука сме во Чаир да ја прогласиме убедливата победа уште во првиот круг, рече Меџити, кој се заблагодари на сите заслужни за таквиот исход, затоа што битката појасни тој, беше за легитимитет.
„Битката беше за легитимитет, тие посакуваа уште еднаш да си ги одмериме силите во Чаир и во Тетово, и во Чаир и во Тетово убедлива е победата на „Вреди“, и во други општини доаѓаат резултатите од Арачиново па се до другите албански општини дека „Вреди“ е легитимен и дека ние сме победници на овие избори, порача Меџити.