Македонија
Сончево и топло со температура до 34 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 33 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерсвото за правда: Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството
Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата.
Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество, информират од Министерството за правда
„Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката Тигањ разменија искуства и мислења кои ќе ни помогнат во зајакнување на нашиот правен систем.
Хрватска има значајно искуство во правосудството и нивната експерстска поддршка ќе ни помагне да го забрзаме патот кон европските стандарди.
За нас, борбата против корупцијата и организираниот криминал е основа за стабилност и развој, и токму поддршката од Република Хрватска, е важна за реализација на нашите цели.
Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правната држава и на градење на доверба кај граѓаните“, се истакнува во соопштението.
Македонија
Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ
„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање што подразбира под македонско прашање бидејќи од Атина го обвинија за иредентизам.
Тој истакна дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската Унија.
„Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада пресуди коишто се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, коишто не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја членка на Европската Унија којашто не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто коешто претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век сѐ уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сѐ додека ја вршам оваа улога којашто ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат од човекот којшто ја предводи македонската Влада“, изјави премиерот Мицкоски.
„Јас знам дека во минатото имало луѓе коишто ја предводеле македонската Влада, коишто македонското прашање воопшто и не им било ни меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада во којашто прв приоритет на претседателот на Владата му е македонското прашање“, заклучи Мицкоски.