Македонија
Сончево и топло со температура до 37 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени, информира УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.
Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шест месеци по падот на настрешницата, собир на граѓаните во Нови Сад

Се навршуваат шест месеци од падот на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога 16 лица загинаа, а едно е тешко повредено и се уште е во болница.
Студентите во блокадата на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да се соберат пред станицата за во 11:52 часот да им се оддаде почит на жртвите.
„Не ги забораваме жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. Тој настан, кој е резултат на невнимание, неодговорност и институционална негрижа, однесе животи и ги остави семејствата и заедницата во болка и со прашања на кои се уште не е одговорено“, велат новосадските студенти.
Откако ќе му оддадат почит, насобраните во колона ќе тргнат по булеварот Ослободување до Мостот на слободата, кој ќе биде блокиран неколку часа.
На првомајскиот протест поканети се и Академската мрежа на Универзитетот „Слободан“ во Нови Сад.
„Време е за правда, време е за одговорност! Сметаме на вашата поддршка“, велат во поканата.
Насобраните граѓани во хоровите на Нови Сад повикаа на одбележување на трагичниот настан од пред половина година, под слоганот „НС пумпа“.
Тие во поворки од три правци ќе дојдат до железничката станица, каде ќе им се придружат на студентите и другите граѓани.
Планот е да се тргне од три локации, а попатно да се приклучат на колоните граѓани пред нивните месни заедници.
Сите колони од различни делови на градот ќе се сретнат на Булеварот на ослободувањето, а потоа ќе одат до Железничката станица.
Првата колона тргнува од Футошкиот пат во 9:15, според најавите, колоната од Лиман треба да тргне во 9:45, а од Нови Нешек во 10:15 часот.
Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.