Македонија
Сончево и топло со температури до 30 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 24 до 30 степени и ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 28 степени. Во наредните денови продолжува периодот на релативно топло време, во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ
СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.
Од таму најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.
Македонија
Повисоки утрински температури во државата, максималната денеска до 12 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола и Берово, 0 во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, 4 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 2 во Берово.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Македонија
(Видео) Не се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на производите

Покрај предлогот за кривична одговорност за судиите, на вчерашната собраниска седница се најде и уште еден предлог на Левица – за укинување на двојазичните декларации на производите.
И овој предлог-закон помина без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ, ДУИ, СДСМ, односно, за него гласаа само предлагачите – пратениците од Левица.
Сашко Јанчев од Левица истакна дека двојазичните декларации се спротивни на Уставот, Законот за двојазичност и нелогични:
„И што е проблемот со овие членови од правен аспект? Ќе почнам од Уставот и Амандман 5, кој ја одредува употребата на службените јазици во Македонија. Амандман 5, за разлика од Законот за двојазичност на декларациите, не предвидува обврска за двојазичност за приватните лица или, во овој случај, за трговците. Амандманот 5 предвидува обврска само за државните органи и предвидува „употреба на друг службен јазик“, а не само на албанскиот. Исто така, и Законот за двојазичност, кој противуставно го прави албанскиот втор службен јазик на сметка на останатите службени јазици, не предвидува обврска за употреба на албански јазик за приватни лица, односно за граѓани и трговци“, кажа пратеникот Јанчев при образложување на потребата од носење на измените на Законот за заштита на потрошувачите.
„На терен, на пример во Гевгелија, има производи кои имаат етикети, амбалажи, декларации, налепници, упатства, сертификати итн. на македонски јазик и албански. А, тие производи ги купуваат Македонци, Грци, Срби, Бошњаци, Унгарци, Албанци не, бидејќи Албанци нема. И со која цел на сопствениците на маркети, разни типови на продавници и трговци, им се наметнува обврска да прават декларации и на албански?!“ – истакна тој.
„Двојазичноста на сите овие етикети е спротивно на Уставот, спротивно на Законот за двојазичност, надвор од здрава економска логика. Од оваа обврска нема никаква корист, напротив, има штета – трговците непотребно ги чини и пари и време и ги става во неповолна положба на пазарот.
Оваа обврска за двојазичност е последица на уценетоста на претходната влада, а сегашната власт, пред избори бараше 61 пратеник за да не биде уценувана. Еве, сега, со нивниот коалиционен партнер ЗНАМ, имаат 64 пратеници, па редно е да гласате да се тргне двојазичноста од производите и да ги оправдате оние 500.000 гласа коишто ги добивте за да не бидете уценувани“, заклучи Јанчев од Левица.