Македонија
Сончево со температура до 27 степени
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 24 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од утре температурата ќе биде во постепено опаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски
„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди“, изјави денес на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски за времето додека бил министер во МЗШВ потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, а во истовреме земјоделските производи на нашите земјоделци скапувале по нивите затоа што нема пласман. Од сите сознанија кои ги имаме се доаѓа до заклучок дека Дон Николовски поголем дел од времето го поминувал на патувања и репрезентации во кафеани, отколку да биде на терен и да ги решава проблемите на земјоделците. И наместо да најде начин како да исплати над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, тој се шетал низ Европа и САД. И на ниту едно патување не избрал економичен хотел, карти се плаќани по неколку стотина евра, а во исто време се трупале долгови кон земјоделците. Дон Николовски и СДС раскалашено се однесувале со парите на граѓаните, неодговорното трошење резултираше со ограбена држава и голем број нерешени проблеми. Ваквото однесување веќе никогаш нема да биде пракса, а за Дон Николовски ќе има одговорност за сите злоупотреби“, додава Петрушевски.
Македонија
Натпревар за поголема свест за важноста од прва помош
Државен натпревар во прва помош се одржа денеска во Скопје. Организиран е од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Во натпреварот Учествувале 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови низ државата.
Како што потенцираа од Општина Ѓорче Петров, целта на овие активности е да се зголеми свеста за важноста од прва помош и да се обучат младите во вештини што можат да спасат животи.
На настанот присуствувале и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик – министерот за образование Лулзим Алиу.
Македонија
Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи
Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи од три до 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со минимална температура од седум, а максимална од 27 степени.