Македонија
Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар

Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар, информира АМСМ.
„Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, се вели во информацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Посвежо време со умерена облачност, ќе дува засилен ветер

Денеска времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.