Македонија
Сообраќајот од Гостивар кон Чегране се пренасочува по алтернативни патишта

Од 9 часот, поради поставување канализациска мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Македонија
Претежно сончево и многу топло со температура до 43 степени

Времето денеска, претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.