Македонија
Соработка на здруженијата за лица со посебни потреби од Дебар и Поградец
Претставници на Здружението за лица со посебни потреби ,,Порака“ од Дебар и Центарот за лица со посебни од Поградец – Република Албанија на средбата што ја имаа во Дебар воспоставија соработка и договорија заеднички активности во интерес на лицата со посебни потреби.
Претседателот на дебарското здружение, Беким Аме, и директорката на центарот од Поградец, Анила Бербери, оценија дека размената на искуства, како и реализацијата на заеднички проекти е основна цел на соработката. „Во Македонија и Албанија има потреба од повеќе активности на лицата со посебни потреби“, нагласи Аме. Според него, проблемите со кои се соочува оваа категорија лица треба да се надминат. Од друга страна, директорката Бербери истакна дека има потреба од размена на искуства, и тоа преку разни проекти.
Во рамките на оваа соработка, стручни лица од Центарот за лица со посебни потреби од Поградец одржаа еднодневен семинар за дебарските деветолетки со родители на деца со посебни потреби за начинот на поддршка на учениците од оваа категорија. Гостите од Албанија имаа средби и со раководствата на дебарските училишта и локалната власт.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

