Македонија
Состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција
Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски, го одржа првиот состанок како национален координатор на Комисијата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Македонија.
Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција е формирана 2001 година со одлука на влада со цел да ја следи и да ја анализира состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција, да ги координира активностите на надлежните институции и да соработува со меѓународните и невладините организации, кои се вклучени во решавањето на проблеми од оваа област. Во Комисијата членуваат претставници од МВР, МСПДМ, МНРНТ, МП, МЗ, ДИТ, МОН/БРО, АВРМ, ОЈО за ГОКК и Суд.
Државниот секретар Петрушевски истакна дека оваа појава претставува кршење на основните човекови права и сериозен глобален проблем, кој остава длабоки последици врз жртвите и целото општество. Воедно, посочи на ефикасна соработка помеѓу сите институции и засегнати страни со цел да создавање силен и функционален механизам за превенција, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Оваа Комисија има клучна улога во спроведувањето на стратегиите и мерките што ќе придонесат за елиминирање на овој сериозен проблем.
На состанокот беа разгледани тековните и идни активности во насока на подобрување на состојбата и надминување на предизвиците во областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција, при што беа истакнати потребите за управување со миграциските текови, односно спречување на илегалните премини, зајакнување на граничната контрола и мониторинг, како и подобрување на сместувачките капацитети во прифатните центри, со цел обезбедување не сеопфатна заштита на државната граница, услови за згрижување и третман на мигрантите во согласност со меѓународните стандарди. Воедно, членовите беа информирани и за четвртиот круг на евалуација и посета на Групата на експерти за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) со цел мониторинг на спроведувањето на конвенцијата на Советот на Европа за преземање акција против трговија со луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

