Македонија
Состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика во врска со случувањата во Авганистан
Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска се одржа состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика посветен на актуелните случувањата во Авганистан и потенцијалните импликации врз нашата држава и регионот.
На состанокот, што се одржа во рамките на стратешкиот проект на МНР – „Рефлексија 2030“, воведно обраќање имаше министерот Бујар Османи, кој ги сподели своите размислувања на темата и резимира за улогата на Република Северна Македонија наспроти геополитичките поместувања во Авганистан и поширокиот регион.

„Случувањата во Авганистан, но и замрзнатите конфликти во регионот на ОБСЕ, укажуваат дека несигурноста и непредвидливоста преостануваат интегрално и предоминантно одбележје на меѓународното милје и безбедносна реалност и дека истите феномени ќе продолжат да ги диктираат глобалните политичко-безбедносни процеси. Република Северна Македонија како полноправна земја членка на НАТО и иден претседавач со ОБСЕ, најголемата светска регионална безбедносна организација, претставува сериозна алка во системот на колективна безбедност. Фактот дека сме активен актер во меѓународните односи ни овозможува да работиме на спроведување на нашата безбедносна агенда, но истовремено и на нашето позиционирање како одговорен актер во меѓународните односи. Денешниот настан е всушност дел од активностите што ги преземаме во функција на зајакната приправност, стратешко антиципирање и адаптабалност во насока на навремено утврдување на политичките насоки на дејствување адекватен одговор“, изјави Османи.
На состанокот, членовите на Стратешкиот совет разменија ставови и понудија идеи за потребата од долготрајно стратешко планирање и оформување механизми за менаџирање со потенцијалните засилени мигратски движења, градење партнерства со сојузниците и во рамките на мултилатералните тела исползување на механизмите на ЕУ и соодветните дата-бази од системот за азил и миграција, како и редовно следење на политиките на ЕУ и земјите членки во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

