Контакт

Македонија

Со бројни гости во свечена атмосфера, синоќа беше отворено киното во Кисела Вода

Објавено пред

Со бројни гости, во свечена атмосфера, синоќа беше отворено киното во Кисела Вода. После 35 години, на истата локација, врз темелите на старото кино, во комплетно реновираниот Дом на култура „Билјана Беличанец“ започна да функционира “Киноверзум”. Настанот го отвори актерот Рубенс Муратовски кој, евоцирајќи спомени од минатото ја назначи важноста на овој проект за културниот живот во општината и му се заблагодари на градоначалникот за целокупниот ангажман во оваа сфера. Градоначалникот Ѓорѓиевски во своето излагање го истакна сентименталното значење на старото кино за повозрасните жители на Кисела Вода и потенцираше дека отворањето на новиот објект е историски миг за сите кои ја сакаат оваа општина. Повика на аплауз за прерано починатата градоначалничка Билјана Беличанец, која го отпочна проектот и чиј сон, како што истакна, од денес започна да живее. Говореше за сите содржини кои обновениот дом на култура ќе ги нуди, како концерти, изложби, театарски претстави, литературни читања и библиотека, а најмногу се задржа на киното, кое со атрактивниот репертоар веќе предизвика внимание кај граѓаните. Изрази надеж дека наскоро во перцепцијата на граѓаните “одиме на кино” ќе значи одиме во киното во Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

-За мене, а верувам и за сите вас тука присутни, ова е историски момент. После 35 години, Кисела Вода повторно добива кино врз темелите на старото кино, култно место од кое секој носи спомени и кое секогаш се појавува во приказните за нечија младост. Денес, заеднички со вас, го започнуваме новото поглавје на овој културен дом. Со нов дух и нова енергија, ги отвораме вратите на она што започна како визија на поранешната, сега за жал покојна градоначалничка Билјана Беличанец. Ова беше нејзиниот сон кој успеавме да го оствариме.

Во изминативе две години јас и мојот тим сме силно насочени кон повторното издигнување на културниот живот во нашата општина. Со бројни проекти, го олеснуваме пристапот на граѓаните до културните сцени и збиднувања, давајќи им можност и на уметниците за експресија на нивниот креативен потенцијал. Културата мора да биде достапна. Оттука во фокусот на моето делување како градоначалник е овозможувањето на непосреден пристап на граѓаните до културни манифестации, претстави, изложби и настани, кои се организираат во близина на нивниот дом, во нивното соседство. Возобновувањето на домот на култура Билјана Беличанец и отворањето на кино во Кисела Вода после 35 години се вистинска илустрација за олеснувањето на патот до културната сцена, но и за создавањето на нови платформи за уметниците каде што ќе можат да го споделат својот уметнички израз. Тие за себе добиваат нова сцена, нов дом каде што ќе можат да ја оживуваат магијата на културата. Покрај кино салата и проекциите на најновите светски достигнувања од филмскиот свет, во домот на културата Билјана Беличанец, ќе можат да се гледаат и театарски претстави, уметнички изложби, концерти, а наскоро тука ќе функционира и библиотека со богат библиотечен фонд. Секако, следејќи ја стратегијата за рамномерен развој на сите населби и населени места во општината, во периодот што е пред нас, ќе овозможиме слични културни содржини и во Домот на култура во Драчево, кој исто така беше обновен-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски и посебно им се заблагодари на соработката на “Киноверзум”, кои како што истакна, во изминатиот период се етаблираа како силен столб помеѓу македонската културна сцена и светската филмска индустрија.

-Ланецот кина “Киноверзум” започна со работа најнапред во Свети Николе, сега работи и во Штип и во Велес, а вечерва го отвораме ова кино и во Кисела Вода, односно во Скопје. “Киноверзум” е единствен ланец на кина на Балканот кои се домашен производ, односно македoнски бренд и се надевам дека овој бренд освен во Македонија ќе го прошириме и во регионот- истакна д-р Јордан Ѓорчев, од Меѓународниот Славјански Универзитет, во чии рамки функционира “Киноверзум”.

Присутните во кино салта, потоа можеа да го погледнат светскиот филмски хит “Dune: Part Two”.

Македонија

Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ

Објавено пред

„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.

Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.

За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.

Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.

Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.

Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет2 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет3 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет3 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет9 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет9 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија14 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет14 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет15 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет24 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...