Македонија
Со ваучерскиот систем за поддршка се вшприцуваат нови 6 милиони евра за развој на спортот, тврдат од Владата
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски, и раководителот на секторот спорт во АМС, Томислав Андоновски, во Клубот на пратениците остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле презентирани критериумите, постапката и условите за добивање ваучери во согласност со новиот систем на финансирање, чии крајни корисници ќе бидат националните спортски федерации, клубови, активни спортисти од олимписки, неолимписки и параолимписки спортови и други правни лица, кои имаат решение за вршење дејност спорт. Овој систем влегува во сила од почетокот на 2019 година.
„На средбата исто така се потенцира и важноста од формирање посебно тело во Агенцијата за млади и спорт, чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што цел процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти“, се наведува во соопштението.
Преку овој систем на обврзникот што донирал финансиски средства на спортски субјекти му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50 отсто од пресметаниот данок.
Од владината служба велат дека со ваучерскиот систем директно во спортот се вшприцуваат нови 6 милиони евра преку кои ќе се обезбедат развој, стимулација и финансиска моќ на спортските клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.
Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.
Македонија
Реконструиран патот кон Манастир Пеленица: Инвестиција од над 475.000 евра за подобра безбедност и пристапност
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска, независната кандидатка за јавен обвинител
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството, обвинија од СДСМ.
„Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска –независната кандидатка за државен јавен обвинител. Иако Ристоска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија“, велат од СДСМ.
Според партијата, независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.
„Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот. Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо. На кого веќе не му е јасно? Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Следува целосно погребување на правдата и правната држава. Исто како во времето на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

