Македонија
Со велосипедски патеки се поврзуваат Маџари и Ченто со остатокот од градот
Деновиве започна големиот проект за поврзување со велосипедски патеки на населбите Маџари и Ченто со останатиот дел од градот, информираат од Град Скопје, додавајќи дека работат на подобрување на велосипедската инфраструктура во градот, каде што во текот на 2019 година се реконструираа постојните и се изградија нови велопатеки во должина од околу 16 километри.
„Во моментов се вршат градежни работи за изградба на нова велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, од клучката Естекада до улицата Благоја Стефковски. Паралелно со овие активности, во рамки на проектот за реконструкција на улицата Благоја Стефковски, во моментов се работи на изградба на нова велосипедска патека на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов – Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито во должина од 870 метри“, информираат од Град Скопје преку соопштение.
За потсетување, велат од Град Скопје, изминатиов период завршија градежните работи за изградба на велосипедска патека на бул. Киро Глигоров, на потег од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808, а во наредниот период истата ќе се поврзе до клучката Естекада, со што ќе добиеме дополнително поврзување (конектор) во правец север-југ, којшто ги спојува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Четирите постоечки рути, вклучувајќи го и кејот на реката Вардар се врзуваат со новите велосипетски патеки во населбата Маџари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

