Македонија
„Со ДПМНЕ граѓаните имаат просечна плата 22.000 денари, со нас 40.000 денари, голема е разликата“, вели СДСМ
„Со ДПМНЕ граѓаните имаат просечна плата од 22.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше едвај 360 евра затоа што оваа партијата ги сметаше работниците како евтина работна сила“, велат од СДСМ.
„СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците и со правилни политики успеа просечната плата да ја издигне на историски најголеми досега 40.000 денари.
Голема е разликата, просечна плата со СДСМ од 40.000 денари а со ДПМНЕ од само 22.000 денари. Со СДСМ 290 евра повеќе во просек добиваат работниците со просечна плата.
СДСМ ја зголеми и минималната плата. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше околу 8.000 денари а со СДСМ минималната плата е 22.500 денари.
За ДПМНЕ луѓето не беа важни тие фрлаа пари за споменици и барок, СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните.
Тоа суштинската разлика во концептите на СДСМ и ДПМНЕ. Со СДСМ платите ќе продолжат да растат“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

